За нас
Крато-Керамика е компанија која постои повеќе од 20 години и нуди целосни професионални услуги во областа на плочкарски изведби кои одговараат на вашите желби и потреби.


Мисија
Нашата мисија е да обезбедиме врвна плочкарска изведба која ги комбинира квалитетот, издржливоста и естетиката. Веќе 20 години сме присутни на пазарот, градејќи доверба и долгорочни односи со нашите клиенти преку професионален пристап и беспрекорна реализација на секој проект. Работиме со сите видови плочки - керамички, порцелански, мозаик, гранит и природен камен - прилагодувајќи се на секој просто, било да се работи за станбен простор или за деловни објекти. Нашиот тим е составен од искусни мајстори со повеќе од 10 години искуство, кои посветено и прецизно ја извршуваат секоја задача.
Визија
Нашата цел е секој проект да го завршиме со највисоки стандарди на квалитет, навремена изработка и целосно задоволство на клиентите. Веруваме дека професионалноста, искуството и вниманието кон деталите се клучот за резултати кои траат.
