top of page
лепење плочки

Достапни услуги

Поставување на ѕидни и подни плочки

Работиме со сите видови на плочки - керамички, порцелански, мозак, гранит и природен камен- прилагодувајќи се на потребите на секој простор. Со нашиот специјален алат за сечење и дигање,  работиме со било која големина на плочка - од најмала до најголема.

Малтерисување на ѕидови

Покрај поставувањето на плочки, нудиме и малтерисување на ѕидови на бањи - рачно, на објектите каде што има потреба. Правилното израмнети ѕидови и прецизно малтерисување се клучот за долготрајни и квалитетни плочки

Поставување на ќош трака и изолација

Работиме на секој фаза од поставување на плочки, вклучувајќи премачкување со хидромал-флекс и поставување на хидроизолациона трака. Секоја подлога каде што има вода мора да биде заштитена на правилен начин.

Поставување на кошулица

Нудиме и поставување на кошулица во просториите каде што има потреба. Квалитетот на крајниот резултат зависи од тоа колку добро е изведена оваа фаза. Пред лепење на плочките, се анализира подлогата и доколку има потреба се пополнуваат неправилностите и исто така ја чистиме и подготвуваме површината.

Лепење на скали

Професионална изработка на скали со плочки или друг материјал - прецизно, сигурно и трајно. Исто така нудиме и грунтирање на скали, фаза која претходи на лепењето на плочки. Се зависи од вашата потреба и замисла.

Ѕидање на кадиче

Нудиме професионално ѕидање на кадиче од страна на нашиот тим, со посебен акцент на стабилност, практичност и прецизно поставување. Секој проект се изведува внимателно со цел да се обезбеди доготрајност, функционалност и естетски изглед на вашата бања.

Контактирајте не

Имате потреба од услугите што ги нудиме? Контактирајте не за детална понуда.

Ви благодариме за интересот!

+389 70-255/490

+389 70-380/127

ул.Владо Гаџев бб, Кратово

© 2026 Крато-Керамика ДООЕЛ. Изработено од Крато-Керамика

Krato-Keramika - profesionalna plockarska izvedba i dolgorocna sorabotka so investitori

bottom of page